Јанкулоска: Односите со ДУИ се коректни, вчерашното апсење нема врска со “Гошинце”

од desk3
133 прегледи

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска информираше дека во текот на вчерашниот ден две лица се приведени по направен претрес во три објекти во Куманово, каде што меѓу другото пронајдени се и четири пакувања по 200 грама ТНТ експлозив.

15042012 Jankulovska Beta ap Boris Grdanoski

“Активноста на МВР спроведена со соодветна наредба засега не се поврзува со терористичкиот напад во Гошинце, но е дел од редовната работа на полицијата и дополнително ќе се оди со изведување нови докази, обезбедување искази на лицата кои се приведени и добивање дополнителни инфомации за она што е пронајдено при претресите”-изјави јанкуловска

Прашања какви се односите со ДУИ по досега објавените разговори, Јанкулоска посочи дека СДСМ може да презентира што сака, но, нагласи дека односи на професионален план се коректни.

“Денешниот настан на кој заедно со министерот Незири презентираме предлози во интерес на граѓаните е само потврда дека и ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ работат и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните, затоа што тие се оние кои нам ни го даваат легитимитетот на избори, а ние им должиме реализација на проектите во функција на подобрување на нивниот живот,”- истакна министерката за внатрешни работи.