Јанкулоска спроведена во Идризово на издржување четиригодишна казна за случајот „Тенк“

од Берта Китинска
478 прегледи

Со полициска придружба вчера поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше спроведена во затворот Идризово.


Таа следните 14 дена превентивно поради опасноста од коронавирусот ќе биде сместена во одделението за издвојување на новодојдени лица.

Поранешната министерка за внатрешни работи е осудена правосилно на 4 години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластувања поради тоа што му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи мерцедес од речиси 600 илјади евра.

Таа Против Јанкулоска во скопскиот Кривичен суд се водат уште два предмети, за случајот за масовното прислушување “Таргет-Тврдина” и “Титаник” за изборни нерегуларности.

Јанкуловска во Идризово

Гордана Јанкуловска пристигна во затворот Идризово

Публикувахте от Seir в Понеделник, 28 септември 2020 г.

Слични содржини