Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за настаните од 27 април.
Таа рече дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите.
“27-ми април, јас во 17 часот се заминав од партијата и отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието”, додаде Јанкуловска.
Во судница за денешното рочиште повикани се 17 сведоци, во рамки на предметот “Организаторите за 27-ми април.
Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.