Скопска Апелација ја укина првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 2 со која беше досудено со која портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, требаше да и плати на екс министерката Гордана Јанкулоска 8.130 евра за нарушување на нејзината чест и углед. Апелациските судии ја усвоила жалбата на Шилегов бидејќи не била утврдена клеветата, односно не било докажано дека тој клеветел, и донесе одлука предметот да се врати на повторно судење.

Апелацискиот суд на Граѓанскиот суд му посочува дека ако најде дека има елементи на клевета, да утврди и дали воопшто и во која мера е нарушен угледот на тужителката која како јавна личност треба да покаже поголем степен на толеранција при соочување со критика, за да евентуално може да се смета дека има основ за надомест на штета, како и да ја цени материјалната положба на тужителот, се вели во одлуката.

Јанкулоска за клеветата бараше надомест на нематеријална штета од 16.000 евра бидејќи Шилегов, на неколку прес коференции наводно изнел детали за нејзината имотна состојба и јавно ја праша како ги стекнала становите кои ги купила откако стапила на функцијата министер.
