Јанкуловска: Пресудата за „Таргет-тврдина“ е неаргументирана

од Nikola Popovski
389 прегледи

Пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ е контрадикторна и неаргументирана, а вештачењето е извршено од лице без лиценца, изјави поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Апелацискиот суд во Скопје, образложувајќи ја својата жалба за првостепената пресуда во овој предмет.

Според неа, тоа т.н вештачење, всушност не било вештачење, туку проценка и тоа не од проценител од соодветна област.

Јанкуловска додала дека „се наоѓаме во ситуација каде што првостепениот суд прифатил тврдење кое е еквивалент дека ако, на пример, ги земеме телефоните од пред 10 или 15 години, сега слободно ќе се приклучиме на 5Г мрежата и ќе ги добиеме истите услуги“.

Обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи доби четири години казна затвор за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во „Таргет-Тврдина“ се обвинети 12 лица, меѓу нив се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и уште 10 други лица вработени во тајната полиција. Горан Грујевски и Никола Бошкоски се недостапни за судот откако избегаа во Грција.

Слични содржини