Најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски или попознат на социјалните мрежи како космонаутко на својот Фејсбук профил, упати моќна порака за повторно да бидеме претпазливи.
-„Како си? – Абе ме стегна некој вирус два дена, ме легна. – Еј, ај опрај се па ќе се видиме“. Како се однесуваме кога имаме некој грипозен во близина? Како се однесуваме кога има некој со стомачен или некој друг вирус во близина? Како се однесуваме кога има некој во близина кој може да пренесе зараза? Се чуваме, се пазиме да не се заразиме нели. Внимаваме, намалуваме контакти се додека не оздрави, пишува „Космонаутко“ порачувајќи дека тоа е она што е битно и кај ковидов, да се чуваме се уште. Истото однесување треба да продолжи како и претходниве 17-18 месеци, значи внимателност, претпазливост.
Се сложувам, факт е дека трае ненормално долго, факт е дека ни е мачно на сите, факт е дека не` пододдалечи некако повеќе од што мислевме ама се тоа е за да се заштитиме и себеси но и другите. И пак како и другпат, каков сака нека е вирусов, абе ете нека е и некоја форма на грип како некои што викаат, било како наречете го. Било кое име да му го дадете, било кое потекло, било кое државјанство, било чие масло да е, ништо од тоа не треба да ви влијае на совесното и одговорно однесување за сепак што побрзо да излеземе од небиднинава, вели Јанкуловски.