Јанкуловски: Многу резултати со ознака +, еден заразен, многу набрзо и тој до него…

од Берта Китинска
815 прегледи

Најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски или попознат на социјалните мрежи како космонаутко на својот Фејсбук профил, објави статус во кој повикува сите заедно да направиме се што можеме за да прекине црниот ковид биланс.

-Втора половина на септември, 2021г.Деновиве ме прашуваат како сум? Одговорот е прашален – сте го гледале Денот на мрморецот? Е баш така, како да сум во ист ден од март 2020.

Станувам околу 4, 4 и нешто, кафенце дома зачинето со прекрасни пејсажи од раѓањето на сонцето. Песна, па на работа. Скафандер, рааквици 2 пара во секое време, маска KN95, визир и така во полна заштитна опрема во лов на вирусов на пункт, на терен. Насекаде ама буквално насекаде.

По завршувањето на работната обврска неколку саати дома. Го гледам саатот, поминало 20ч, очиве полузатворени да не речам скоро заспан, креветот од спална ме вика „Ајде Денко, во 9 во кревет“ Утре, мрморецот пак тука

Многу резултати со ознака +, возраст од најмала до најголема. Еден заразен, многу набрзо и тој до него, па и тој до него или неа итн итн.

Долготрајно секојдневни огромни бројки на починати, мои, твои, наши блиски, далечни, сеедно. Прерано заминати.

Да, се има свој крај, но некој крај се одолговлекува, никако да дојде. Премногу измешани состојби од сите страни, народ, држава, одговорни и неодговорни. Несовесноста е голем фактор за ова, за жал тоа е само показател дека во однос на совесноста, дисциплината, здравиот разум од оваа борба ќе излеземе поразени, тешко дека ќе научиме нешто за во иднина. Победува раздвоеноста, поделеноста, безобразноста, злобата, победуваат многу нешта кои се некарактеристични за човекот како свесно битие. Победува минусот.

Но секако дека во ниеден момент нема да се откажам од зборувањето/пишувањето за поголема свест, поголема соработка меѓу луѓето затоа што 6000 наши сограѓани, роднини, пријатели, комшии, незнајници е нависитна огромна бројка. Тажно, жално, болно. Страшна загуба.

Нека почиваат во мир сите тие а ние мора да направиме се што можеме да прекинеме со броењето на црниот ковид биланс. Доста е!

Чувајте се, уште не е готово, трае долго, предолго, на сите ние мачно, верувајте или не верувајте во ова или во ништо ама чувајте се. Можете и морате!!

Слични содржини