Јанша: ЕУ нема да ги отвори миграциските коридори за Авганистан

од Берта Китинска

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, изјави дека Европската унија нема да отвори ниту еден хуманитарен или миграциски коридор за Авганистан, како и дека нема да дозволи повторување на мигрантската криза од 2015 година.

„Нема да си дозволиме да ги повториме стратешките грешки од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите -членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница”, објави Јанша на Твитер, пренесен од  СТА.

Во втор твит, словенечкиот премиер посочува како што жените се организираат и се борат со талибанците во одредени делови на Авганистан, така треба да се борат и мажите.

„Ако жените можат да се организираат и да се борат против Талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш тоа треба да го сторат и мажите. Не е должност на Европската Унија или Словенија да им помагаат и да ги плаќаат сите на планетата што бегаат, наместо да се борат за својата татковина “, напиша Јанша на Твитер.

Слични содржини