Вчера, во разговор со дописниците на европските медиуми од Брисел, словенечкиот премиер Јанез Јанша повтори дека е против „двојните аршини“ што западните членки на Европската унија ги применуваат во осудата на т.н. либерални конзервативни влади во Полска и Унгарија.
„Европската унија не е унија без Централна Европа“, рече Јанша, кој важи за поддржувач на политиката што ја спроведува унгарскиот премиер Виктор Орбан кон Брисел.
Заедно со полскиот премиер, Јанша беше единствениот лидер на ЕУ кој го поддржа унгарскиот премиер на самитот поради Законот за членови на ЛГБТ заедницата, и како Орбан, и тој се судри со Брисел, чии претставници знае да ги нарече неизбрани бирократи, поради нивната критика кон слободата на медиумите и спроведувањето на владеењето на правото и медиумските слободи во Словенија.
„Немаме проблем со тоа да се проверува владеењето на правото, слободата на печатот, финансирањето на медиумите“, им рече Јанша, чија земја го презеде шестмесечното претседателство со ЕУ, вчера на европските новинари.
Тој исто така инсистираше на тоа дека Словенија има свои закони и контроли и е суверена држава, како и дека помалите членки во Брисел и оние од источна Европа знаат како да се третираат како земји од втора класа.
„Словенија не е колонија и ние инсистираме на целосно еднаков третман“, рече Јанша.
Употребата на различни стандарди кон послабите членки може да предизвика поделби и распад на Унијата, а со оние кои ја сметаат ЕУ како Орбан, според Јанша, треба да се води отворен дијалог во рамките на дијалогот за иднината на Европа.
Во вторник следната недела, Јанша ќе зборува за приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ на пленарната седница на Европскиот парламент, проследено со, како и обично, прашања од европратеници од различни политички групи.
Foto: STA