Јанша ќе му честита на Бајден откако Трамп ќе го признае поразот

од Nikola Popovski
205 прегледи

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој веднаш по гласањето побрза да го поздрави успехот на Доналд Трамп на изборите во САД, во понеделникот во парламентот изјавил дека ќе му честита на идниот претседател на САД само кога резултатот од изборите е конечен и официјален.

Јанша ги отфрли критиките од пратениците на опозицијата дека го поддржува Доналд Трамп кој на крајот ги загуби изборите, правејќи „дипломатска катастрофа“ за Словенија затоа што новата американска администрација ќе ја игнорира неговата влада.

„Изборите завршиуваат кога другата страна ќе го признае поразот или кога ќе бидат објавени официјални резултати, а се што е кажано пред тоа е политика“, изјавил Јанша. Тој додал дека со задоволство ќе му честита на победникот на изборите кога ќе дојде време и дека нема да се однесува како оние кои веднаш испратија честитки „следејќи го бранот на медиумите“, но ќе продолжи да постапува според принципот „да се размислува со сопствена глава“.

Тој додал дека Словенија негува добри стратешки и партнерски односи со САД, без оглед на тоа која администрација е на власт таму.

„Тоа беше случај во сите влади што ги водев и така ќе остане и во иднина“, рекол Јанша во понеделникот, додавајќи дека времето ќе покаже кој бил во право и дека неговите твитови за поддршка на Трамп нема да влијаат на односите со САД.

Пораките на Јанша на социјалните мрежи за време и по изборниот процес во САД беа критикувани од претставниците на сите левичарски опозициски партии како нешто што би ѝ наштетил на Словенија, не само во односите со САД, туку и во нејзината позиција во Европската Унија.

Слични содржини