Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинари

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна.

Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“.

Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци.

Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.

Слични содржини