Јанша: Проблемите со границите на Западен Балкан ќе исчезнат со пристапувањето во ЕУ

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, денес изјави дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е стратешки одговор на многу тековни предизвици во Европа и дека фокусот мора да биде ставен на тој регион.

Во Европскиот парламент во Брисел, Јанаша оцени дека проблемите што се отвораат во врска со прашањето на границите на Западен Балкан ќе бидат решени со влегувањето на регионот во ЕУ.

„Ако им дозволиме заедно да станат членки на ЕУ, овие проблеми ќе исчезнат. Тоа беше решението за Словенија и ќе биде и за другите соседни земји“, рече Јанша.

Презентирајќи ги приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година, Јанша рече дека поради многу кризи во последните неколку години, „проширувањето е туркано на крајот на редот“.

„Ако прашањето за проширување беше повеќе на стратешката агенда, ЕУ сега ќе беше во подобра позиција“, рече Јанша.

Јанша оцени дека во последниве години, ЕУ се прошири во земји кои „не мора да ги делат сите вредности на ЕУ“.

Тој го најави самитот на ЕУ Западен Балкан за 6 октомври, што ќе го организира Словенија и на кој ќе учествуваат шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан.

„Имаме намера да го продолжиме овој процес. Во последните години се направени некои позитивни чекори, но тоа не е доволно”, рече Јанша.

Слични содржини