Шефот на компанијата за обработка на техничка документација, Казуо Мијасака, кој беше уапсен во Јапонија, бил во можност да пренесе податоци за најновите американски технологии во вселенската индустрија на вработен во руската трговска мисија, објави телевизијата НХК.
„На негово барање, добив и предадов материјали за најновите технологии на Соединетите држави во областа на истражување на вселената“, го цитираше телевизијата повикувајќи се на извори во безбедносните сили.
Поточно, станува збор за вселенскиот дрон Ix37B (експериментален орбитален дрон „Боинг Х-37“).
Мијасака за истрагата соопштил и дека во текот на последните 30 години предал податоци на вкупно 15 вработени во руски структури, а за тоа добил околу 10 милиони јени (околу 91.000 долари).
Претходно, јапонските медиуми објавија дека поранешен шеф на истражувачка компанија е уапсен во префектурата Канагва под сомнение за незаконска употреба на база на податоци и предавање на информации поврзани со воената технологија на службеник на руската трговска мисија во Јапонија.
Претходно беше објавено дека 70-годишниот Мијасака долго време бил на чело на компанија за истражување на техничката литература. Сокривајќи ја вистинската причина и целта, во 2019 година, тој доби пристап до базата на податоци за пребарување информации поврзани со конструкцијата на беспилотно летало и подобрување на можностите на воените разузнавачки служби користејќи радар. Направил копии од осум примероци на литература и ги предал на службено лице од руска страна.
Руската амбасада во Јапонија објави дека ја анализира ситуацијата.