Јапонец во деветтата деценија од животот го преплови Пацификот за 69 дена

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Кеничи Хори (83), јапонски авантурист, денеска се врати дома откако сам го премина Пацификот, во непрекинато пловење, со што стана најстариот човек што го направил тоа.

„Само што ја поминав целта. „Уморен сум“, напиша тој на својот блог по пристигнувањето во Јапонија денеска во раните утрински часови, пренесува „Ројтерс“.

Кеничи Хори заплови во морето Ки во близина на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето патување преку Пацификот за 69 дена.

Слични содржини