Јапонија донираше опрема за третман на пациенти со пост-ковид компликации

од Nikola Popovski
193 прегледи

Обезбедена нова медицинска опрема од социо-економскиот грант од Јапонија беше повод за денешниот настан на Хируршките клиники, каде што министерот за здравство, Беким Салим беше во посета заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада.

-Поконкретно, станува збор за опрема за третман на пациенти пост Ковид, која се состои од дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, центални монитори, рентген апарат, медицински фрижидери и мобилни ехо апарати. Социо-економскиот грант за медицинска опрема е во вредност од 813.000 евра и претставува програма создадена од јапонската влада наменета за помош на пријателските земји.

Упатувам искрена благодарност до амбасадата на Јапонија, како и лично до амбасадорот, за нивната несебична помош и заложби за унапредување на условите во јавните здравствени установи, информира Сали.

Министерот потенцира дека само со заеднички напори и заложби може успешно да се справиме со коронавирусот како јавноздравствен предизвик, и како уште поуспешни здравствени системи да излеземе заеднички од оваа криза.

Слични содржини