Јапонија го отвора првото легално казино

од Nikola Popovski
166 прегледи

Јапонските власти ги одобрија контроверзните планови за изградба на првото легално казино во земјата. Комплексот ќе биде отворен во западниот град Осака во 2029 година.

Казината одамна се нелегални во Јапонија. Но, во 2018 година, беше донесен закон со кој се изземаат игрите, како покер, за да се отворат работни места и да се поттикне туризмот.

Јавното мислење е поделено, а некои се загрижени за порастот на зависноста од криминал и коцкање.

Покрај казиното, комплексот од 5,3 милиони квадратни метри (49 хектари) ќе вклучува хотел, конференциски центар, трговски центар и музеј.

-Се надеваме дека (казиното) ќе стане туристичка база која ги промовира убавините на Јапонија во светот, рече премиерот Фумио Кишида.

Проектот има почетна инвестиција од 1,8 трилиони јени (13,5 милијарди долари, 10,7 милијарди фунти) со американскиот казино-оператор МГМ и јапонската групација Орик кои поседуваат по 40% од акциите во компанијата.

Останатите 20% ќе бидат во сопственост на локални компании како West Japan Rail, Kansai Electric Power и Panasonic со седиште во Осака.

Официјалните лица очекуваат овој комплекс со казно да привлекува околу 20 милиони посетители годишно.

Проектот беше предложен пред неколку години, но беше одложен поради пандемијата со Ковид-19 и корупциски скандал во кој беше вмешан пратеник од владејачката партија кој беше обвинет за примање мито додека беше задолжен за политиката на казино.

Јапонија се смета за перспективен пазар за коцкање. Таа е трета по големина економија во светот со околу 126 милиони жители.

Блиску е и до богатите азиски коцкари, особено од Кина. Макао е единствениот кинески град каде коцкањето во казино е легално.

Фото: Profimedia

Слични содржини