Јапонија ја одобри употребата на Модерна и АстраЗенека

од Берта Китинска
137 прегледи

Јапонската влада денеска одобри две вакцини против ковид-19, американската Mодерна и британско-шведската АстраЗенека, што може да ја забрза кампањата за вакцинација во таа азиска земја.

Министерството за здравство даде зелено светло за лица постари од 18 години да добиваат две дози со разлика од неколку недели, објави новинската агенција Кјодо и потсети дека американско-германската вакцина Фајзер / Бионтек веќе се користи.

Вакцината Модерна ќе се дистрибуира во големите центри за вакцинирање каде што има надлежност армијата – во Токио и Осака, како и во некои други слични установи кои беа преуредени од одредени префектури и општини.

Вакцината „АстраЗенека“ нема да се користи веднаш поради стравувања од формирање на тромби, кои се пријавени во многу земји, изјави јапонското Министерство за здравство.

Програмата за вакцинација во Јапонија е одложена во споредба со развиените земји – од почетокот на кампањата во февруари, кога беа дадени дози на здравствени работници и жители над 65-годишна возраст, барем една доза од вакцината беше дадена на околу четири проценти од населението од 126 милиони.

Јапонската премиерка Јошинида Суга, чија јавна поддршка падна поради критиките за реакцијата на владата за пандемијата, вети дека ќе вакцинира милион луѓе на ден и ќе ја заврши вакцинацијата на старите до крајот на јули.

Кјодо додава дека најновото истражување на владата покажало дека 14% од општините нема да можат да го исполнат тој рок, поради недостаток на лекари и медицински сестри.

Напорите за побрзо вакцинирање се забавени од технички проблеми поради проблеми со Интернет.

Јапонија се согласи да купи 50 милиони дози вакцини „Модерна“ до септември, 120 милиони дози на „АстраЗенека“ и 194 милиони дози на „Фајзер“.

Слични содржини