Јапонија вели дека би можела да ги собори ракети за својот сојузник САД ако Северна Кореја ги лансира кон Гуам.

Министерот за одбрана, Итсунори Онодера на парламентарната седница денес рече дека ракетен напад на територијата на САД ќе ја наруши превенцијата на САД против напад врз Јапонија. Тој рече дека тоа ќе биде јапонска национална вонредна состојба бидејќи ќе го загрози постоењето на Јапонија како нација, пренесе АП.
Тој рече дека Јапонија во тој случај може да го искористи правото на „колективна“ самоодбрана и да го активира ракетниот одбранбен систем уништувачот Егис.
Коментарот на Онодера ја нагласи растечката воена улога на Јапонија и промената на претходната позиција дека може да ги собори само ракетите што се движат кон Јапонија.
Законот за одбрана кој стапи на сила минатата година им овозможи на Јапонците да ги бранат американските и другите сојузници кога ќе дојдат под непријателски напад.