169
Портпаролот на јапонската Влада, Јошимаса Хајаши денеска изјави дека е прерано да се заклучи дека Северна Кореја поседува технолошка способност да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје.
– Се чини дека Северна Кореја сака да се здобие со технологија што ќе ѝ оневозможи да изврши напад со крстосувачки ракети со нуклеарно оружје, наведе Хајаши.
Тој посочи дека е неопходна внимателна анализа за веродостојно да се заклучи дали официјалната Пјонгјанг поседува таква технологија.
Северна Кореја на 2 февруари тестираше крстосувачки ракети, како и нови ракети земја-воздух во близина на нејзиниот западен брег. Тоа беше четврто лансирање на ракета од Северна Кореја за нешто повеќе од една недела.