Јапонија размислува за четиридневна работна недела

од Vladimir Zorba

Јапонија размислува да воведе четиридневна работна недела за да го подобри квалитетот на животот на луѓето, соопштија официјалните лица.

Тие се надеваат дека оваа шема ќе го подобри и туризмот во земја која се бори со пандемија на коронавирус и која е веќе добро позната по својата напорна работа и бесконечното работно време.

Катсунобу Като, шеф на кабинетот на јапонскиот премиер, рече дека размислува за воведување на три слободни работни дена неделно, односно продолжен викенд.

Важно е да се промовираат различни стилови на работа со цел да се балансираат животот и работата, рече тој.

Покрај тоа, Јапонците ќе можат сами да одлучат кои три дена ќе бидат на слобода. Като посочи дека во текот на тие три дена граѓаните можеле да им се посветат на децата, старите лица или на здравјето.

Тие се надеваат дека Јапонците би можеле да патуваат повеќе, што ќе му помогне на домашниот туризам, но и дека ќе останат подолго на одредени работни места, наместо често да даваат оставки, пренесе „Дејли Меил“.

Јапонската дивизија на „Мајкрософт“ неодамна ги објави резултатите од пробниот експеримент со четиридневна работна недела, а она што изненадува е дека продуктивноста скокна дури 40 проценти.

Од друга страна, поединци веруваат дека три слободни дена неделно може да доведат до намалување на платите, и дека работодавците можат да го зголемат бројот на работни часови во текот на преостанатите работни денови.

loading...

Слични содржини