Јапонија се откажа од одржувањето на Светското клупско првенство

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Јапонија одлучи да се откаже од одржувањето на Светското клупско првенство во 2021 година, кое треба да се одржи од 9 до 19 декември, објави јапонската агенција „Кјодо њуз“. ФИФА сега ги проучува потенцијалните дестинации.

Според агенцијата, Јапонскиот фудбалски сојуз (ЈФА) е загрижен за ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус, бидејќи сметаше на целосно пуштање на публиката на натпреварите. Бидејќи најверојатно нема да има гледачи, нема да ги има очекуваните приходи, затоа ЈФА одлучи да ја извести Светската куќа на фудбалот за откажувањето.

ФИФА сe уште официјално не се огласи по ова прашање и се уште нема одлука кога натпреварувањето ќе биде во проширен формат, со 24 клуба, што требаше да биде оваа година, но беше одложено поради пандемијата.

Последен пат Светското клупско првенство се одржа во Јапонија во 2016 година. Потоа, во 2017 и 2018 година, Обединетите Арапски Емирати беа домаќини, а во 2019 и 2020 година, натпреварувањето се одржа во Катар.

Од 1980 до 2004 година, Јапонија беше организатор на поранешниот Интерконтинентален куп, односно натпреварот помеѓу победникот на Копа Либертатдорес и клупскиот шампион на Европа.

Што се однесува до учесниците на Светското клупско првенство, познато е дека европскиот шампион Челси, победникот во африканската Лига на шампиони Ал Ахли и Оукленд Сити ќе играат на него. Имињата на шампионите на Лигата на шампионите КОНКАКАФ, која завршува на 28 октомври, победниците на Копа Либертатодрес и Лигата на шампионите во Азија, која завршува на 27 ноември, и името на осмиот учесник се уште се чекаат. Имено, требаше да биде шампионот на јапонската J-лига (крај на 4 декември). Но, прашањето е дали ќе има место во ждрепката за нивниот шампион откако натпреварувањето ќе биде преместено од Јапонија.

Копа Либертатодрес стигна до полуфиналето чии двојки се Фламенго (Бразил) – Барселона (Еквадор) Палмеирас (Бразил) – Атлетико Минеиро (Бразил).

Лигата на шампионите во Азија е осминафинале: Естеглал (Иран) – Ал Хилал (Саудиска Арабија), Истикол (Таџикистан) – Персеполис (Иран), Ал Шарјах (ОАЕ) – Ал Вахда (ОАЕ), Ал Наср (Саудиска Арабија) ) – Трактор (Иран), Улсан Хјундаи (Јужна Кореја) – Кавасаки Фронтале (Јапонија), Нагоја Грампус (Јапонија) – Даегу (Јужна Кореја), Чонбук Хјундаи (Јужна Кореја) – Патум Јунајтед (Тајланд), Серезо Осака (Јапонија) – Поханг Стилерс (Јужна Кореја).

Слични содржини