Јапонките се познати како најубавите жени на светот. Тие никогаш не се на диета бидејќи следат 5 правила

од Vladimir Zorba
18,4K прегледи

Заедно со Французинките, Јапонките отсекогаш биле вбројувани меѓу најубавите и најелегантни жени во светот. Ако се прашувате која е тајната на нивниот неверојатен изглед, одговорот е прилично едноставен – тие внимаваат на исхраната и следат пет правила.

Никогаш не го прескокнуваат појадокот

Јапонките знаат колку е важен појадокот и внимаваат да го јадат кога ќе се разбудат. Поентата на првиот оброк во денот е што е разновиден, а најчесто се служи риба, ориз, омлети, мисо супа, соја, зеленчук и чај.

Јадат полека

Порциите во Јапонија се мали, храната се јаде полека и се земаат мали залаци.

Јадат разновидна храна

Најпознатото јапонско јадење е сушито, но жителите на таа земја консумираат многу повеќе од риба. Секој ден јадат супи, зеленчук, соја, ориз, а пијат само вода и зелен чај.

Зеленчукот секогаш се сече на листови

Ова е трик кој може да помогне зеленчукот да биде што помалку термички обработен и да задржи повеќе хранливи материи. Исто така, зачините се користат ретко во Јапонија и никогаш не се претерува со нив.

Слатките се забранети

Десертот е реткост кај Јапонците. Кога се сервира е во мали количини. Нема калорични колачи и торти, а нивниот традиционален деликатес е мочи – сладолед од ориз.

Слични содржини