Јапонска бизнис делегација скенира за инвестиции во земјава

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија, индустрија Јошихиро Секи од утре до 12 јуни ќе престојува во посета на земјава. Предвидено е делагацијата да ја посети Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и да направи обиколка на Бунарџик 1 и 2.

Како што соопшти Владата, премиерот Зоран Заев ќе организира прием и вечера за министерот Секи и за бизнис делегацијата, а ќе се реализира и билатерална средба со владиниот економски тим: вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката без ресор задолжена за старнски инвестиции, Зорица Апостолска.

Јапонската бизнис делегација од Анѓушев и Апостолска на работна средба ќе слушне за инвестициските можности во нашата земја и за политиките за првлекување странски директни инвестиции.