Јапонската операција за испраќање сателит во вселената пропадна

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Јапонската вселенска агенција ја прекина операцијата за испраќање на мини-ракета со сателит во орбитата, откако леталото престана да испраќа податоци до копненото управување веднаш по полетувањето. Ракетата SS-520 со големина на електричен столб, полета во 08:33 часот по локално време во ведро небо од вселенскиот центар во Учиноура во јужниот дел на префектурата Кагошима.

Таа е една од најмалите во светот и мораше да пренесе со себе мал сателит за набљудување на земјината површина.

Првата фаза но летот помина по планот, но по 20 секунди врската беше изгубена. Малку потоа и ракетата, и сателитот паднале во морето, во близина на вселенскиот центар.