Јапонски научници: Јајцата од ној можат да го спасат светот од корона

од Nikola Popovski
631 прегледи

Антителата од јајцата од ној не само што можат да укажат на присуство на коронавирусот, туку можат и да не заштитат од него, па дури и да послужат како лек за луѓето, тврдат научници од Јапонија.

Јапонските научници се на пат да произведат едноставен тест на коронавирус, кој се заснова на употреба на антитела добиени од јајца од ној и овозможува да се утврди присуството на патогенот со голо око.

Имено, тим научници од Универзитетот во Кјото направиле хируршки маски, чие испитување под ултравиолетови знаци може да утврди дали субјектите кои ги носеле се заразени со вирусот САРС-КоВ-2.

Интересно, антителата произведени од ној се користат како средство за откривање на присуството на вирусот, бидејќи јапонските научници дошле до идеја да го инјектираат мртвиот корона вирус во оние големи птици кои не летаат, бидејќи тие се способни да произведуваат големи количини на антитела.учествуваат во одбраната на организмот од опасните микроорганизми. Инјекциите на вирусот им биле давани на женките, со цел да се соберат антителата од јајцата што ги положуваат.

Во маската на ниво на устата се вметнува специјален филтер, кој по употребата на ова заштитно средство се отстранува и се прска со флуоресцентна супстанца која содржи антитела од ној. Филтерот потоа се испитува со ламба што испушта ултравиолетови зраци. Доколку е присутен новиот коронавирус, антителата на нојот ќе светат, што значи дека лицето е заразено.

Лидерот на истражувачкиот тим, ветеринарниот професор Јасухиро Цукамото, вели дека тестот досега бил спроведен на маски на 32 заразени субјекти и дека супстанцијата со антитела од ној верно ја покажала количината на присутен вирус и неговото постепено намалување во периодот од десет дена.

Следниот чекор е да се прошири студијата за да вклучи повеќе испитаници.

Тимот се надева дека нивниот изум би можел да биде официјално одобрен и да влезе во широка комерцијална употреба во текот на следната година.

Откривањето на присуството на вирусот на внатрешниот филтер на маската со голо око дава важни нови можности, бидејќи обезбедува знаење што може да се користи за упатување на луѓето на тестирање меѓу колегите и, особено, за полесно идентификување на вирусот меѓу лицата кои се носители, а немаат симптоми.

Слични содржини