Јапонците направија вистински робот базиран на ликот од анимираната „Mobile Suit Gundam“, популарна ТВ-серија од крајот на 70-тите години на минатиот век.
Роботот во Јокохама е направен од повеќе од 200 делови, висок е околу 18 метри и тежи 24 тони, а може да оди, да клекнува и да гестикулира.
Изградбата на роботот започна во 2014 година, а беше изработен од мешавина од челик и пластика засилени со јаглеродни влакна, објави компанијата што го направи, пренесува Си-Ен-Ен.
Како што е наведено, тестирањето на оваа неверојатна креација е во тек. Атракцијата требаше да биде претставена во октомври, но љубителите на овој цртан филм и роботика ќе мора да издржат уште некое време поради пандемијата на коронавирус.
– Оваа одлука е донесена со цел да се зачуваат здравјето и безбедноста на нашите обожаватели и работници, како дел од одговорот на ширењето на болеста КОВИД-19 – се вели во соопштението на компанијата.
Life-sized Gundam in Yokohama is now in testing mode.pic.twitter.com/51HVoraPb7
— Catsuka (@catsuka) September 21, 2020