Јаревски го нарече Јакимовски „алиби мајстор“: „Страв му е дека ќе излезат на виделина сите работи“

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Јакимовски: „Овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити“

од Nikola Popovski
57 прегледи

„Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешното соопштение од ГРОМ.

Според пратеникот Тони Јаревски, екс-градоначалникот е причината зошто Карпош e „бетонска џунгла“.

-Јакимовски тоне во своите солзи, говори за некакви изборни нерегуларности во кои само тој верува. Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, Стевчо плаче.

Алиби мајсторот Стевчо, се плаши од ревизија во општината и затоа му порачуваме овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити, порача Јаревски на прес-конференција, додавајќи дека „Карпош се ослободи од Стевчо и неговите другарчиња од градежната мафија“ и дека „Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја препородат општината“.

По тесниот пораз во општина Карпош на локалните избори, Јакимовски, го оцени изборниот процес како системска злоупотреба, обвинувајќи за поткуп и принуда на гласачи, преку контролирани медиуми и инсталации на избирачки места, до, како што вели, организирано „крадење“ на волјата на граѓаните. Разликата од 1.134 гласа меѓу него и неговиот противкандидат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг, според Јакимовски, е резултат на нечесни методи, а не на фер и демократска борба.

Довчерашниот градоначалник тврди дека најголемата владеачка партија „за одземање на лична карта на гласачи кои би гласале за него плаќале педесет евра, а за т.н. бугарски воз се плаќало по 100 евра“.

Јакимовски по изборите: ВМРО-ДПМНЕ плаќаше по 50 евра на граѓани за да не гласаат за мене, а 100 евра за учество во бугарски воз

Слични содржини