Јас сум најнапаѓана личност во Македонија, вели Арсовска

од Nikola Popovski
359 прегледи

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска вечерва обвини дека е најнапаѓана личност во земјава.

-Наутро, поручек и навечер, сакајќи да ме саботираат. Излегува како јас да сум единствениот градоначалник во Македонија. Тоа се дегутантни напади, но тоа е. Кој губи има право да се лути, рече Арсовска во емисијата „Клик плус“.

Арсовска исто така информираше дека има комуникации со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но дека тие не се чести.

-Не сум се слушнала ниту со Шилегов, ниту со Коце Трајановски откако стапив на функцијата, додаде градоначалничката.

Слични содржини