Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ за РТС изјави дека момчето кое го изврши злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“ во својата прва изјава, кога повикал полиција, рекол дека е „психопат кој треба да се смири“.
„Детето кое го изврши злосторството кога повикало полиција рекло дека пукало во луѓе во училиште и дека тој, во таа изјава која е снимена, е психопат кој треба да се смири. Тој го кажал тоа кога се јавил на дежурниот работник на Командно-оперативниот центар, во првата изјава на неговиот телефонски повик да го пријави настанот“, изјави Милиќ за РТС.
Тој исто така додаде дека К.К. (13) навел дека по извршувањето на делото го фатиле страв и паника и чудно дишење и дека „правилно било да се јави во полиција и да го пријави настанот“.
Откриле, вели тој, во понатамошниот разговор дека самиот во присуство на Центарот за социјална работа и адвокат изјавил дека бил игнориран од друштвото и дека до некаде бил изоставен од комуникацијата, интеракцијата, од сето она што може едно дете да го има, и дека тоа го навело на некои мисли и постапки да го стори тоа.
„Со молотовите коктели сакал да ја спречи полицијата да влезе“
„Имаше и четири молотови коктели и два пиштола. Според неговата изјава, тоа го направил сам и немал намера ни желба со тие молотови коктели да запали некое дете, туку, како што рече, да направи одбранбен ѕид на влезот во училиштето за да не дојде полицијата да пружи помош, бидејќи на тој начин би имала одредена пречка и барикада за да може да ја извади рамката од пиштолот и да го стави на подот“, истакнува Милиќ.
Тој додаде дека не може да каже дали момчето било свесно дека нема да може да одговара.
„Ова злосторство носи толку многу планови, скици, неговиот начин на размислување што отишол подалеку од игрите, кога го планирал тоа, како што рече во првата изјава на самото игралиште еден месец пред да ги убие сите кои го иритираат и игнорираат. Тој многу плански замислувал како да го изведе тоа. Самиот овој список е прашање за сите нас, што ќе се случеше да дојдеше до сите овие лица“, праша Милиќ.
Да потсетиме, К.К. (13), ученик од седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, вчера пукаше во ученици, наставник и член на обезбедувањето во училиштето. Загинаа осум ученици и еден член на обезбедувањето, а повредени се шест деца и еден наставник.