ЈАС СУМ ЖИВ ДОКАЗ НА МОНСТРУОЗНОТО ЗЛОСТОРСТВО: Штајнфелд СЕ ОГЛАСИ на социјалните мрежи со песна (ФОТО)

од Vladimir Zorba
497 прегледи

Актерката Даниела Штајнфелд објави на Инстаграм, како што изјави, песна за културата на злоупотреба во која живееме и во која ги изрази своите емоции.

– Јас сум жив доказ за злосторство, толку монструозно во кое се сомневате. Прашајте ме за мојот сексуален напад. Биди ми гостин и пресуди и лај, и пцуј и обвинувај. Залудно лаете, мојот глас е непоколеблив од сега до вечноста – пишува во песната на актерката што ја објави вчера на својот профил.

Актерката објави и фотографија во маица со натпис за злоупотребата.

– Потребна беше армија од луѓе за да го најдам мојот мир денес. Кога проговорив, започна процесот на лекување – напиша Штајнфелд.

Да потсетиме, актерката го пријави својот колега Бранислав Лечиќ дека ја силувал пред седум години.

Слични содржини