Штајнфелд ИЗНЕНАДИ со новата објава на Инстаграм! Многумина ја осудија: “Болни! Изроди!”

од Берта Китинска

Актерката Даниела Штајнфелд на својот профил на Инстаграм објави снимки од забава каде се присутни членови на ЛГБТ заедницата. Иако не е наведено во најавите, се чини дека таа моментално е во Њујорк.

– Среќна „Гордост“ – напиша Даниела со фотографија на две провокативно облечени девојки со бизарни носии, односно огромни маски на главите.Во следната објава, каде е објавено кратко видео од забавата, Даниела напиша:

– Да не заборавиме на многубројните луѓе кои ги загубија своите животи поради дискриминација заснована на пол и ориентација. Да не ја заборавиме неуморната борба на паднатите херои, поради која денес живееме слободно. Среќна гордост!

Некои од следбениците ја поддржаа нејзината борба против дискриминацијата во коментарите, но, сосема очекувано, имаше и такви кои ја осудија, па дури и ја навредуваа.

„Болни“, „Изроди“ – се дел од навредливите коментари.

Слични содржини