На новинарско прашање за иднината на случаите „Монструм“, „Сопот“, или други случаи поврзани со прислушуваните разговори, министерот за правда Аднан Јашари денеска изјави дека согласно Законот за специјален обвинител кој беше усвоен од страна на Собранието на РМ, точно се наведува дека во зависност на содржината разговорите што ќе бидат доставени до Специјалниот јавен обвинител ќе биде утврдена и неговата надлежност.

„Ако во конкретниот случај постојат такви докази и во однос на овие случаи врз основа на што Специјалниот јавен обвинител се смета како надлежна тогаш таа по службен пат ќе има потреба да поведе постапка и за овие случаи“, истакна Јашари.