415
Јасмина Милевска од Институт за трансфузиона медицина апелира до сите дека мора да се носат маски за да се заштитиме од вирусот.
„Заштитна маска носам за да се заштитам од вирусот, но да ги заштитам и моето семејство, колеги, дарители и пациенти. Апелирам до сите да се почитуваат мерките на Министерството за здравство, бидејќи само така побрзо и побезбедно ќе ја надминеме оваа пандемија. Мораме да бидеме и трпеливи за да излеземе како победници од борбата со вирусот. Ние здравствените работници сме крвотокот во здравството. Помогнете ни и на нас преку придржување на мерките за заштита, вели Милевска.