Јасно ми е разочарувањето во Северна Македонија од ЕУ, побаравме многу, вели Рот

од Берта Китинска
215 прегледи

Ние побаравме многу од Вашата земја. Но, сега треба да се оди напред. Оваа земја заслужи успешно да чекори по патот кон ЕУ и затоа сум овде, од стара поврзаност, имам многу пријатели и пријателки и сум емотивно поврзан со многу луѓе во оваа земја, вели претседателот на комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот во ексклузивно интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Рот рече дека при посетата на Северна Македонија не остварил средби само со политичари туку и со претставници на граѓанското општество.

„Тоа ми е особено важно и имав можност да дискутирам со многу млади луѓе. Сакам да охрабрам. Знам за фрустрацијата на многу луѓе тука, многу Македонци и Македонки се разорачани од Европската Унија“, вели Рот.

Целосното интервју со претседателот на комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот може да го погледнете вечерва во 19.00 часот на програмата на ТВ21.

Слични содржини