Јаулески: Наместо маичка со број 8, Груби треба да носи маичка со бројот 22

од Nikola Popovski
195 прегледи

Јас наместо на камен темелник очекував Артан Груби да биде викнат во Јавното обвинителство и наместо со маичка на која што го има бројот 8 да ја има маичката 22 затоа што спорниот тендер за надзор на изведба на овој проект кој што чини милијарда и 300 милиони евра е премногу скандалозно, изјави синоќа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Тој во гостување на емисија истакна и дека договорот за надзор за само четворица вработени ќе исплати хонорари од 900 илјади евра за тие четири претставници на фирми односно по 225 илјади евра.

-Договорот за надзор за само четворица вработени со исплатени хонорари од 900 илјади евра за тие четири претставници на фирми односно по 225 илјади евра. И што е пострашно фирмата за долна облека  што одеднаш стана експертска фирма за спроведување на надзор од тие 22 милиони евра, треба да поминат 8, 3 милиони евра пеку неа. И ако ова не  е аларм  за да седнат што побрзо на обвинителна клупа и да дадат изјава за овој спорен тендер и како во 5 дена склучија конзорциум, од кој што едниот газда на едната фирма е осомничен за слична криминална шема во друга држава, рече Јаулески.

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, на вчерашната свеченост по повод отпочнување на изградбата на Коридор 8 се појави со маичка во стилот на проектот, една 8-ка и две линии кои треба да ги одбележуваат делниците.

Слични содржини