Јавен повик за давање државно земјоделско земјиште на плодоуживање

од desk3
80 прегледи

 

Државата утре на јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица ќе понуди вкупно 133 хектари земјиште (ниви, ливади и трска) во 11 региони и тоа во Свети Николе, Велес, Неготино, Гевгелија, Македонски Брод, Крива Паланка, Виница, Кавадарци, Крушево, Куманово и во Кратово.

traktorashhhash

Земјоделското земјиште се издава на петгодишно плодоуживање, а секој понудувач – корисник на правото на социјална помош (инвалидни лица, самохрани родители и лица згрижители или старатели на дете без родители и родителска грижа или возрасно лице со одземена деловна способност), до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, може да достави само еден оригинален образец (барање) во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневниот печат.

Најмногу на плодоуживање може да се додели до 3 хектари земјиште за одгледување на земјоделски култури. Големината на површината на земјиштето не може да биде поголема од три хектари, ниту помала од големината на една катастарска парцела.

Изборот на најповолен понудувач ќе го врши комисија, врз основа на критериумите утврдени во Програмата, а во договорот ќе биде одреден видот и висината на помошта која се обезбедува за започнување на плодоуживањето.

Дополнителни информации заинтересираните земјоделци може да добијат и на веб страницата на Министерството за земјоделство и во неговите подрачни единици./МИА