Денеска на јавна седница Апелациониот суд ќе ги разгледува жалбите на одбраната на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски обвинети во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“.

Јавната седница е на барање на одбраната на Пешевски и Георгиевски. За Пешевски СЈО бараше притвор, но наместо тоа кривичниот совет му го одзеде пасошот. За Георгиевски пак СЈО бараше да му бидат определени мерки на претпазливост односно одземање на патната исправа кои кривичниот совет ги прифати. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.
Ова се првите жалби кои стигна во Апелациониот суд. СЈО обжали вкупно 30 одлуки на кривичниот совет со кој беа одбиени барањата за притвор, но и определени поблаги мерки на претпазливост од оние кои обвинителството ги бараше. Одлуките за одземање на пасошите ги обжали и одбраната на обвинетите./24 Вести