Јавна трибина за дигитализацијата се одржа во Битола

од Aleksandar Petrovski
285 прегледи

Петтата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата се одржа денеска во Битола, на која се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Од Министерството за информатичко општество и администрација соопштија дека свој осврт дал и проректорот за настава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, проф. д-р Игор Неделковски.

На трибината, како што се посочува, станало збор за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент бил ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.

Во декември, 2019 година почна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација, стои во соопштението.

Слични содржини