Јавната дискусија продолжува: Пауновски одбива да потпише решенија за 35-те „рамковни“ административци

од Берта Китинска
391 прегледи

Јавната дискусија за рамковно вработените продолжува помеѓу директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски и премиерот Зоран Заев.

Пауновскивели во неколку медиуми изјави дека нема намера да го потпише решението за вработување на 35 лица по Рамковен договор кои се доделени на инспекторатот .

Вчера премиерот Зоран Заев во врска со вработени според Рамковен договор посочи дека сака да испрати порака до сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално.

-Испраќам, пред се, порака до Државниот инспекторат, кој е многу гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведливи самите одлуки, а не да водиме така да кажам јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба на никој, затоа што ова е нешто кое народот го очекува од кај нас, да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа, рече Заев.

Од 1.400 рамковно вработени, 35 административци треба да бидат прифатени во Државниот пазарен инспекторат.

-Јас испратив писма со аргументи и до премиерот, и до вицепремиерот, во кое детално објаснувам зошто нашата институција не може да ги прифати сите овие 35 вработени, туку можеме да прифатиме само 12 од нив кои имаат квалификации. Досега немам добиено реакција на ова писмо, но можам да потврдам дека ниту премиерот, ниту било кој друг од Владата не ми се јавил да врши притисок врз мене за да го потпишам решението за нивно примање, изјави  Пауновски.

Слични содржини