Јавниот долг на Србија на крајот на јули оваа година изнесуваше 38,29 милијарди евра, или 43,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави денес Министерството за финансии.
На крајот на јуни, јавниот долг изнесуваше 38,55 милијарди евра, што е 43,7 проценти од БДП.
Јавниот долг на Србија на крајот на 2024 година изнесуваше околу 38,9 милијарди евра, или 47,2 проценти од БДП.