Сојузот на синдикати на Македонија излегува на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството по однос на недоговореното денеска, а тоа е линеарно покачување за сите по 2 806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата, најави по средбата со владините претставници претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Тој додава дека е разочаран од преговорите кои денеска се воделе во последен момент, пред најавениот штрајк за утре, при што ги оцени како обид за купување на време.
-Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така. Тие се сервис на граѓаните, ние од нив користиме услуги. Тие достоинствено си ја работат работата и сметаме дека дојде времето нашето незадоволство да го искажеме на улица, рече Димовски.
Тој додаде дека како ССМ ќе излезат на улица, ќе наредат 120 столчиња пред Собранието, каде од пратениците ќе бараат да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.
заменик-министерот за финансии вели оти над 72 отсто од вработените во јавниот сектор добиле повисоки плати оваа година
Над 92 000 вработени во јавниот сектор односно 72 отсто од вработените во овој сектор добија покачување на платите оваа година, во време на криза која се обидуваме да ја надминеме на сите можни начини. Ова денеска во Собранието го истакна заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, каде се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.
„Владата на С Македонија сериозно се грижи за стандардот и на граѓаните на РС Македонија и на сите лица кои се вработени во јавниот сектор. Тоа се потврди во неколку наврати. Имено, пред неколку месеци се донесе Закнот за минимална плата, со кој над 17 000, односно поточно 17 245 вработени во јавниот сектор добија зголемување до минималната плата. Значи оние што имаа 15 200 денари плата стигнаа до 18 000 денари плата“, истакна заменик-министерот за финансии.
Во меѓувреме, како што додава Николоски, се договорија уште неколку покачувања на плати во одредени сектроти а кои опфаќаат голем број вработени лица во јавниот сектор.