Јавните комунални претпријатија не се ефикасни и се превработени, вели Бислимоски

од Vladimir Zorba

Регулаторната комсија за енергетика прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините кога е во прашање набавката на електрична енергија изјави Марко Бислимоски во Стадион на канал 77.

„Најголем број од локалнатa сампуправа и јавните комунални претпријатија набавува електрична енергија на слободниот пазар, но за жал имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајнипт снабдувач што е 50% од берзата хупекс. Некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Оние кои се мали општини или помали јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна. Рке донесе одлука со која ги тргнавме повластените производители од регулираниот пазар и ослободвиме околу 230 kWh кон слободниот пазар. Оваа енергија за слободниот пазар е два пати поевтина од онаа на берза” изјави Бислимоски.

Тој посочи дека пробелмот со кој што се соочуваат општините е кај јавните комунални претпријатија кои мора да си ја зголемат ефикасноста.

„Анализите што ги прави РКЕ, без да посочувам во која општима во едно комунално претпријатие се гледа дека има 550 вработени, а еден кориснички центар на ЕВН на поголема територија работи со 50 луѓе. Јавните комунални претпријатија не се ефикасни и се превработени, најголем број од трошоците одат на плати.” посочи Бислимоски

Во однос на цената на водата Бислимоски појасни дека РКЕ не ја определува крајната цена на водните услуги, РКЕ го определува опсег од минимална до максимална цена – а советите на општините си ја определуваат цената. „Ако не се задоволни од тоа што нивните совети си определувале, не се задоволни каква цена определиле, можат да влезат во постапка за промена“.

Слични содржини