Јавното обвинителство ќе трага по македонските пари на швајцарски сметки

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Откако Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи во февруари објави детали за клиенти на Швајцарските банки од ширум светот за кои постојат сомневања дека затајувале данок и деновиве почнаа и  да се објавуваат нивните имиња., за Македонија веќе се вртат имиња кој би можел да биде.  С е повеќе тврдења дека милионерите од Македонија не се бизнисмени туку политичари. Не е неочекувано но се чека официјален допис од швајцарските банки.

пари банки

Ќе  се дознае ли конечно  во македонската јавност кои се македонските милионери кои имаат сметки во швајцарски банки, особено кој е милионерот со конто од 54,6 милиони долари во банката ХСБЦ во Швајцарија, веројатно ќе зависи и од банките и од странците и истражувачите и секако од парите.

Според неофицијални податоци од странски организации кои истражувале за нелегалните банкарски сметки, од земјава за неполни 10 години се одлеале над 5 милијарди долари или два македонски буџета.  Само во швајцарската филијала на британската банка ХСБЦ, се регистрирани 15 сметки на 9 клиенти од Македонија од кои само еден на својата сметка има 54,6 милиони долари.

Се очекува, бројката да се зголеми, кога земјава ќе ги добие официјалните податоци за имињата на Македонците кои имаат сметки во странство или зад чии имиња се кријат голем број компании отворени во странство.SWITZERLAND-TAXATION-POLITICS-BANKING

Организацијата „Глобал Фајненшал интергрити“(GFI) која ги советува Светска Банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ),во своето истражување од крајот на минатата година посочува дека од земјава подолг период се одлеваат пари на нелегален начин. Во период од 9 години, преку нелегални канали од земјава се изнесени 5,2 милијарди долари или просечно годишно по 521 милион долари. Најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари и во 2011 година 852 милиони долари.

Деновиве, пак, повторно се актуализира ова прашање откако Швајцарија почна да ги објавува тајните сметки на странците даночни затајувачи, со име и презиме, датум на раѓање и државјанство. Швајцарија на интернет ги објавува имињата на странци и странски компании кои се бараат во истрагите за даночно затајување во нивните матични земји, вклучувајќи ја и Германија, а американските државјани се идентификувани само со нивните иницијали.