Јелена Ѓоковиќ испрати емотивна честитка до Новак (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Јелена Ѓоковиќ на својот Инстаграм му го честиташе на сопругот Новак освојувањето на Ролан Гарос.

Таа објави фотографија на која се бакнува двојката, а пред нив е ставен пехарот.

– Колку прекрасен момент. Ние ја апсорбираме секоја секунда од оваа среќа и радост. Колку се даде себе си во ова… РГ е посебно место – рече таа под фотографијата што собра над 80 илјади лајкови.

„Браво“, „Машина, херој, шампион, легенда, најдобра на светот“, „Како сон“, „Ти си неговиот дијамант“, „Честитки “, се само дел од коментарите.

Слични содржини