Јелена Ѓоковиќ: Кога сте млади сакате да сте во центарот на вниманието, но потоа…

од Vladimir Zorba

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, откри колку е тешко кога постојано е под будно око на медиумите, поради успехот на 17-кратниот Гренд Слем шампион. 33-годишната Србинка беше интервјуирана од локалната веб-страница Vesti Online, во кое говореше за тоа како социјалните мрежи имаат негативно влијание врз славните.

„Кога сте млади и сте во центарот на вниманието, дефинитивно ве тера да се чувствувате пријатно. Ги гледаме другите јавни личности и сметаме дека овој вид публицитет е добра работа. Но, со текот на времето, ќе почнете да ја губите анонимноста, приватноста. Ги губите шансите да правите се што сакате кога сакате“, рече Јелена Ѓоковиќ.

„Се обидувам да ги исполнувам сите очекувања и секогаш да бидам јас, како и Новак да може да биде она што е“, рече сопругата на светскиот рекет број 1.

Двајцата се запознаваат во 2005 година и започнуваат да се дружат, а во 2014 година се венчаа.

Тие имаат син и ќерка – Стефан и Тара.

Слични содржини