Јелена Ѓоковиќ за родителството: „Ги сакаме децата, но тие не излудуваат“

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Сопругата на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ организира предавања низ регионот на тема родителство како дел од фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

Јелена во своето излагање за локалните медиуми се обиде да најде одговор на прашањето дали децата се разгалени и што значи тоа.

– Децата не се разгалени доколку имаат јасни граници. Ние како родители сме толку изгубени и не ни оди добро во ова општество. Не умееме да воспоставиме граници. Не знаеме кои сме ние, за да им помагаме на децата. Не постои такво нешто како совршен родител или совршено дете. Има голем простор за учење. За сето ова треба искрено да зборуваме – изјави таа и додаде:

– Не е грев да не се знае и да се праша и да се буде збунет. Ова се секојдневни ситуации на сите родители, без разлика дали е богат или сиромав. Парите не се она што диктира кој живее подобро во смисла дека сите ние сме луѓе кои емоционално ги доживуваме сите ситуации. Сега знаеме дека детето мора емоционално да се развива за да може интелигентно да одговори на сите општествени предизвици. Како родители, ние сме исполнети со конфликтни емоции. Како родители си ги сакаме децата, но во исто време тие не излудуваат – изјави Јелена за „Нова“.

Слични содржини