Јелена Розга изгледа подобро од било кога во „храбар“ розов фустан (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
478 прегледи

Во Хрватска се одржа музичкиот настан Мелодија на Јадранот, а меѓу музичарите кои се појавија на сплитската сцена беше и пејачката Јелена Розга која на публиката ѝ ја претстави песната „Иди ти“.

Покрај тоа што ја воодушеви публиката со своето модно издание, многумина забележаа дека Јелена изгледа непрепознатливо.

Јелена на сцената излезе во долг розов фустан од модниот бренд eNVy room.

Неонскиот розев фустан комбинираше два големи летни тренда – розовата која секоја година станува омилена во најтоплиот дел од годината и исечениот крој кој веќе неколку сезони се враќа во лето.

Покрај ефектните исечоци на предната страна, голиот грб го направи фустанот посебен. Изданието пејачката го заокружи со висечки обетки и алки, а косата ѝ беше обликувана во меки бранови, пишува Zadovoljna.hr.

Слични содржини