Јеменските бунтовници-шиити од движењето “Ансар Алах”, кои отворија оган од територијата на Јемен против саудискиот град Наджран, тврдат дека убиле 15 саудиски војници, пренесе РИА Новости.

“Најмалку 15 саудиски војници се убиени за време на интензивна престрелка во пограничниот регион меѓу Саудиска Арабија и Јемен”, изјави извор од движењето на хутите.