Откако Иран во саботата вечерта лансираше десетици беспилотни летала од своја територија за напад на цели во Израел, израелската армија соопшти дека е подготвена да ги собори, имајќи предвид дека воздушната одбрана на земјата не е непробојна, пишува „Jerusalem Post“.
Израел користи авиони, системи Iron Dome и David’s Sling, како и ракетниот систем Arrow за противвоздушна одбрана.
Дополнително, војската може да користи шифрирање GPS за да оневозможи одредени типови на беспилотни летала за напад.
Според „Post“, постои загриженост дека Техеран или групите што ги поддржува во регионот, исто така, би можеле да истрелаат балистички ракети со долг дострел или други проектили кон Израел во некаков вид преклопувачки бран со нападот со беспилотни летала.
Набргу по почетокот на иранскиот напад, ирачките власти објавија дека ирачкиот воздушен простор е затворен.
Нетанјаху: Подготвени сме за секое сценарио
Во меѓувреме, забележани се повеќе беспилотни летала како летаат од правец на Иран над ирачката провинција Сулејманија, изјавија три безбедносни извори за Ројтерс.
„Десетици дронови беа забележани како летаат од Иран кон Израел над ирачкиот воздушен простор“, велат изворите.
На нападите со беспилотни летала може да бидат потребни часови или повеќе за да стигнат до Израел додека патуваат низ потенцијалните земји како Ирак, Сирија, Јордан, Либан и други области.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските одбранбени системи се „распоредени“.
„Подготвени сме за секое сценарио, и одбранбено и офанзивно“, рече Нетанјаху