JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници

од Stefanija Kuzmanovska

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.

„Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Слични содржини